Убаво е да си фан на Реал Мадрид и убаво е кога во твојот играат мега – ѕвезди како Мбапе, Винисус, Белингем, Куртоа …и затоа тоа треба да се плати.
Па така фановите на Реал просто се шокирани од цените на билетите за првиот меч на свој терен во новата сезона и тоа против Ваљадолид кој се игра на 25 август.
Имено најевтиниот билет чини 95 евра и со него може да се гледа од најдалечните места до теренот, додека најскапиот билет чини 210 евра.
Ова важи за поединечните билети, додека сезонските исто така драматично се покачени.
Ако до минатата сезона најевтииот билет изнесуваше 55 евра, сега тој чини 95 евра.
Ова му доаѓа како:
“Го сакавте Мбапе? Сега плаќајте по 100 евра најевтин билет“!