Јуниорите во пет сета ја победија Молдавија и ќе играат за 5. место на БП

161

Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија славеше во денешниот меч од разигрувањето на Балканското првенство во Србија против селекцијата на Молдавија со 3:2 и обезбеди битка за 5. место.

Нашите јуниори одиграа еден тежок меч за пласман од 5. до 7. Место и на крајот во пет сета однесоа победа од 3:2 (25:27, 30:28, 20:25, 25:21, 15:13). Молдавците со овој пораз го завршија настапот на првенството на 7. место. Големиот талент во нашата селекција, Тоше Ефремов заврши како најдобар поентер со 25 поени, но одличен настап имаше уште еден млад бисер на нашата одбојка, Јован Милев, кој реализираше 18 поени. Иван Станков имаше 9, додека додека Глигоров заврши со 8 поени.

Во последниот меч на балканскиот шампионат нашите млади одбојкари ќе играат против Албанија во обид на крајот да завршиме на петтата позиција.

ПретходноКадетите ја „средија“ и Португалија, сега ги чека меч за 9. место
СледноЈилдиз го продолжи договорот со Јуве и ја доби легендарната „10-ка“