Гатузо го прашаа за Динамо: Тие имаат победнички менталитет, не џабе доминираат во шампионатот

545

Хајдук не ја почна сезоната како што се очекуваше. Сплитскиот тим беше поразен од словачки Ружомберок со 1:9 и испадна од Европа. Претходно имаше караница со Иван Перишиќ поради што играчот си замина.

Хајдук ќе игра против Вараждин во НХЛ, а на пресот Гатузо беше лут на играчите.

По поразот не спиев. Постојат разни начини да се загуби меч, но ова беше болен и тежок начин. Наредниот ден повторно го гледав мечот, гледав и гледав. Имаше некои добри работи и тука сум задоволен, но жал ми е што на крајот го изгубивме мечот“, изјави Гатузо.

Мојата мисија сега е да го тргнеме ова разочарување и фрустрација и да се посветиме на домашниот шампионат. Не сакам да побегнам, ќе се борам до самиот крај“, изјави Италијанецот.

Го прашаа дали ја гледаше победата на Динамо против Шибеник, а тој даде одговор кој нема да им се допадне на навивачите на Хајдук.

Го гледав Динамо. Ја гледам конкуренцијата. Но, нема потреба да гледам такви натпревари затоа што тоа е екипа која има победнички менталитет. Не џабе 15-16 години доминираат во лигата и постојано играат во Европа. Мене ми е жал што не поминавме во Европа, но сега кога ќе замижам можам да замислам како би играле по два натпревари секоја недела. Не сме во можност со овој ростер да играме на два фронта, а Динамо може. Тоа е структуиран клуб, има ростер и добри играчи“, изјави Гатузо.

ПретходноАјзеа Томас контра Џордан: Леброн е најдобар кошаркар во историјата!
СледноОдбојкарите издоминираа: Максимални 3:0 во Тбилиси за победнички старт на квалификациите (ВИДЕО)