Ибрахимовиќ џуниор со два гола на дебито за Милан (видео)

270
ФОТО: Twitter/ Milan Posts

Јуниорскиот тим на Милан ја почна новата сезона со победа над Удинезе со 4:0, а два гола на овој меч постигна Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Тој на дебито за „росонерите“ реализираше голови во првото и во второто полувреме.
Максимилијан е роден во 2006 година, а Златан има уште еден син, Винсент кој е роден во 2008 година.

ПретходноФантастичен старт на Де Зерби, Марсеј го прегази Брест
СледноБањаја победник на спринтот во Австрија