Ливерпул тргна победнички, Салах погоди за историја

282

Екипата на Ливерпул ја стартуваше новата сезона во англиската Премиер лига со победа на гостувањето кај повратникот Ипсвич со 2:0. Головите паднаа во второто полувреме. Резултатот го отвори Диого Жота во 60. минута, а пет минути подоцна погоди Мохамед Салах.
Со овој гол Салах испиша историја. Имено, египетскиот напаѓач реализирал девет голови на отворањата на сезоната во Премиер лигата, нешто што на никому претходно не му успеало.
Серијата ја почна во сезоната 2017/18 со гол против Вотфорд, следната сезона во 1.коло ја затресе мрежата на Вест Хем, на отворањето на сезоната 2019/20 запиша гол и асистенција против Норич, во 1.коло на сезоната 2020/21 хет-трик против Лидс, следната сезона гол и две асистенции против Норич, во 2022/23 гол против Фулам, па аистенција против Челзи во 1коло од 2023/24 и денеска гол и асистенција.

ПретходноШаќири се врати во матичниот клуб
СледноНајмладиот од браќата Антетокумпо ќе игра во АБА 2 лигата