Фудбалерите на Олимпик Марсеј успешно ја започнаа новата сезона во француската Лига 1, убедливо совладувајќи ја екипата на Брест со 1:5.
Со оглед на тоа што предходната сезона Брест заврши на второто место и обезбеди пласман во Лигата на Шампионите, се очекуваше ова да биде тесен и непредвидлив меч. Сепак избраниците на Роберто де Зерби покажаа дека оваа сезона можат да бидат најозбилен конкурент на ПСЖ за титулата и го прегазија ривалот.
Резултатот го отвори новото засилување на Марсеј, Мејсон Гринвуд во 3-тата минута, на 0:2 зголеми Луис Енрике во 26-тата минута, а Гринвуд постигна втор погодок во 32-та минута за одлични 0:3. До крајот на полувремето Камара го постигна единствениот гол за Брест. Во вториот дел Марсеј продолжи со одличната игра и со уште два гола кои ги постигнаа Луис Енрике и Вахи ја зацементираа убедливата победа.