Јуниорите со пораз и пласман на 6. место го завршија БП во Србија

55

Македонската јуниорска одбојкарска репрезентација со пораз и пласман на 6. место го заврши настапот на Балканското првенство во Србија. Денеска во последниот ден од разигрувањето за пласман, нашите одбојкари беа убедливо поразени од Албанија со 3:0 (25:20, 25:22, 25:21).

Како и на најголемиот дел од останатите мечеви кои ги одигравме на првенството, најрасположен во нашиот состав беше Тоше Ефремов, кој средбата ја заврши со 16 реализирани поени. Јован Милев беше втор реализатор со 12 поени.

Мора да се напомене дека оваа генерација на нашата репрезентација е неколку години помлада од своите версници во останатите селекции кои настапија на овој шампионат за играчи до 20 години.

ПретходноЕП У18: Победа над Грција за конечен пласман на 19. место
СледноВМФЛ: “Лавовите“ со триумф, Брегалница ја “реши“ Победа!