Барса триумфално на „Местаља“, Столе остана на клупа (ВИДЕО)

288

Барселона ја совлада Валенсија на „Местаља“ со резултат 1:2 во првото коло од новата сезона во Ла Лига. Барса дојде тешко до трите бода, откако Валенсија прва успеа да дојде во водство.

Домашните поведоа преку Уго Дуро во 44. минута, а Барселона израмни преку Роберт Левандовски по одличното нафрлување и асистенција на Ламине Јамал.

Само што започна вториот дел, Барселона доби пенал, кој Левандовски со перфектен удар го претвори во свој втор гол за победа.

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски мечот го помина на клупата за резерви, откако прв голман на „лилјаците“ и натаму е Мамардашвили.

ПретходноМилан се врати од „мртвите“ за бод на домашен терен во првиот меч сезонава
СледноСкандал во Турција: Физички нападнат првиот човек на Фенербахче! (ФОТО+ВИДЕО)