Актуелниот двократен светски шампион во Мото ГП шампионатот, возачот на Дукати, Франческо Бањаја, победи на спринтот пред Големата награда на Австрија.
Втор беше Хорхе Мартин од Прамак со заостанување од 4.673 секунди. Мартин, кој стартуваше од пол-позицијата, доби казна, бидејќи дојде до предност при претекнување, што го чинеше речиси четири секунди.
Третото место го освои Алеш Еспаргаро од Априлија со заостанување од 7.584 секунди.
Шесткратниот шампион Марк Маркез од Гресини не ја заврши трката.
Трката за Големата награда на Австрија се вози утре од 14 часот.