ВМФЛ: Брегалница против Победа, денеска стартува новата сезона и во второлигашката конкуренција!

232

Денеска со мечевите од 1.коло стартува новата сезона во ВМФЛ. Секако дека на стартот најинтересно би требало да биде во Штип, каде Брегалница ја дочекува Победа. Ова е дерби на колото, а во Скопје домашниот состав на Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче ќе го пречека Охрид.

Оваа 2024/25 сезона во ВМФЛ ќе играат и две екипи кои заедно имаат три шампионски титули во ПМФЛ, тоа се Македонија ЃП која по неколку сезони испадна од елитата како и Победа, која никако не може да се врати, еве веќе неколку сезони, во Првата лига.

Според најавите и прогнозите, Брегалница и Македонија ЃП се најголеми кандидати за првите две места на табелата кои водат директно во ПМФЛ.

Се разбира дека тука има и други клубови со големи амбиции, но рано е уште да се анализира и детализира за тоа.

Тоа што се знае е дека првите две екипи ќе влезат директно во ПМФЛ, третопласираната екипа ќе игра бараж со десеттиот тим од ПМФЛ за пласман во елитата. Последните две екипи се селат директно во Трета лига а оној тим кој сезоната ќе ја заврши на 14.место ќе игра бараж за опстанок.

Да кажеме дека денеска се играат седум меча, додека оној меѓу Борец и Башкими се игра во вторник поради админстративни проблеми на клубот од Велес.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ОСОГОВО – ВАРДАР (Н)

СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ

КОЖУВ – САСА

ДЕТОНИТ – НОВАЦИ

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД

АРЕСИМИ – БЕЛАСИЦА

20.08.2024 (ВТОРНИК – 17 Ч)

БОРЕЦ – БАШКИМИ

ПретходноПолска сака да ги организира ЛОИ во 2040 или 2044!
Следно“Дерби на Македонија“: Звучи неверојатно, Вардар чека седум години на победа над Пелистер!