“Дерби на Македонија“: Звучи неверојатно, Вардар чека седум години на победа над Пелистер!

615

Утре од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ, се игра големото дерби, се игра“Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер. Последните подготовки се во тек, најавено е дека на трибините на нашиот најголем стадион ќе присуствуваат и двете навивачки групи, Комити и Чкембари. Значи ќе има спектакл, тука нема дилеми, тоа е јасно кога играат Вардар и Пелистер.

Интересно, еве еден неверојатен податок кога станува збор за минатото. Имено Вардар цели седум години нема победа над Пелистер на еден официјален меч, да, има триумф во Купот, но тоа беше по подобро изведување на пенал серијата.

На 19 ноември 2017 година Вардар со 1:0 го победи Пелистер, стрелец на голот беше Висар Муслиу во 65.минута, тогаш тренер беше Чеде Јаневски и се играше на Арената. И од тогаш Вардар нема победа на дуелите со својот „вечен“ ривал, а одиграни се 9 меѓусебни мечеви. Исто така треба да се знае дека во овие седум години во одредени сезони овие две екипи, како минатата, не играа меѓусебе во првенството зошто Пелистер или Вардар беа второлигаши. Инаку на тие девете меѓусебни мечеви Пелистер има две победи а седум средби завршиле без победник.

Значи Вардар е на потег.

Кога сме кај вкупната традиција утре ќе се игра 59-тиот меч меѓу овие две екипи. Вардар има 32 победи, Пелистер само 10 а 16 мечеви завршиле без победник. Гол разликата е 83:52 за Вардар.

ПретходноВМФЛ: Брегалница против Победа, денеска стартува новата сезона и во второлигашката конкуренција!
СледноАвстрија прв голем предизвик за одбојкарките во квалификациите за ЕП 2026