Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Грција од 26:24 го освои 19. место на Европското првенство во Црна Гора. Денеска во последниот меч на првенството, избраниците на селекторот Наум Танески успеаја да извојуваат победа над јужниот сосед и победнички да го завршат настапот на шампионатот.
Победата се чини беше решена на стартот на второто полувреме, кога направивме повеќе од добра предност од 6 гола, која ни овозможи многу помирна завршница во која Грција упеваше да ја стопи негативта, но не и да приреди целосен пресврт.
Димовски со 11 гола беше најдобриот реализатор во нашата репрезентација.