Интер испушти победа во судиското продолжение на отворањето на сезоната (ВИДЕО)

88

Шампионот Интер испушти победа на гостувањето кај Џенова на отворањето на новата сезона во Серија А. На гостувањето во Џенова, „нероаѕурите“ одиграа 2:2, откако домашните со голот на поранешниот играч на Милан, Жуниор Месијас, освоија бод во судиското надополнување.

Резултатот го отвори Вољако во 20-тата минута за водство на Џенова, но 10 минути подоцна Турам го изедначи резултатот. Во второто полувреме Интер се мачеше да постигне втор погодок, но во 85-тата минута Турам успеа да погоди и вторпат за водство.

Сепак, Месијас во судиското продолжение ги фрли навивачите на Џенова во екстаза за 2:2. Џенова доби пенал, Месијас биеше, но Зомер одбрани, па на одбиена топка Бразилецот погоди за израмнување.

На вториот натпревар оваа вечер Фиорентина и Парма одиграа нерешено 1:1. Головите ги постигнаа Ман во 22-та минута за водство на Парма и Бираги во 75-тата за изедначување.

ПретходноАл Хилал го освои Суперкупот: Митровиќ и Сергеј го оставија Роналдо со празни раце
СледноКадетите поразени од Унгарија, завршија на 10. место