Кадетите поразени од Унгарија, завршија на 10. место

59

Со пораз и пласман на 10. место, младата кошаркарска репрезентација на Македонија ги заврши настапите на Б-Европското првенство во Скопје. Во последниот меч, нашите млади кошаркари беа поразени од Унгарија со 80:71.

Во текот на целиот меч Унгарците беа подобар тим. Направија предност од 7 поени во првите 10 минути, која на полувреме веќе изнесуваше +8 (33:41). Ништо позначано не се промени и во вториот дел во кој Унгарците некако на рутина успеаја да ја задржат предноста за победа.

Цветковски со 24 и Ѓорѓевиќ со 20 поени беа најефикасни во нашиот состав.

ПретходноИнтер испушти победа во судиското продолжение на отворањето на сезоната (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Фофана е нов фудбалер на Милан