Македонија против Унгарија во битка за 9.место на ЕП!

162

Денеска играaт кадетите на Македонија! Нашата машка кадетска репрезентација, односно кошаркари „Под 16“ години, завршува со настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 8. до 17.август се одржува во нашиот главен град.

Пред нив е последниот натпревар, оној за пласман на 9. место, во кој за противник, нашите млади кошаркари ја имаат репрезентацијата на Унгарија.

Следбениците на македонската младинска, репрезентативна кошарка ќе имаат можност да го гледаат натпреварот Mакедонија – Унгарија, кој стартува вечерва, од 19.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со директен пренос на Youtube каналот на ФИБА.

ПретходноКадетите денеска против Грција за крај на ЕП!
СледноСпектакл во најава: Конор Мекгрерор сака враќање во октагонот!