Синоќа на стартот на новата сезона во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ со 1:0 успеа да го победи Фулам. Новакот Зиркзе беше херојот на Јунајтед со постигнатиот гол во 88.минута.
Сепак и покрај голот, меѓу фановите на Јунајтед се раскажува и потегот на Руд Ван Нистелрој, некогашната голема ѕвезда на фудбалот, кој играше и за Манчестер Јунајтед, а од ова лето е еден од соработниците на Ерик Тен Хаг.
Имено по завршување на средбата Ван Нистелрој прво што направи е што дојде до Гарначо и му даваше совети како треба и како не треба.
Ова доаѓа откако младиот Аргентинец во последните моменти од средбата успеа да промаши празен гол. Ова ќе биде едно од промашувањето на сезоната и јасно е дека Ван Нистелрој добро знае дека треба да му се даде поддршка на својот напаѓач.
Look at Ruud Van Nistelrooy going over to Alejandro Garnacho to cheer him up.
WHAT A GUY!😍❤️ pic.twitter.com/NIFcno59cA
— 𝗧𝗲𝗻 𝗛𝗮𝗴’𝘀 𝗥𝗲𝗱𝘀 ✍🏼🇳🇱 (@TenHagBall_) August 16, 2024