Милнер стана апсолутен рекордер – ја игра 23. сезона во Премиер лигата

146

Фудбалерот на Брајтон, Џејмс Милнер е уникат во најсилната англиска лига. Тој на мечот со Евертон беше стартер и со тоа официјално ја започна 23 сезона во Премиер лигата. Ниту еден фудбалер во историјата на најсилната англиска лига не го направил тоа. Притоа тој го сруши рекордот на Рајан Гигс по бројот на сезони во Премиер.
Уште поинтересен податок е што менаџерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер имал само девет години кога Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година.
Милнер играше осум сезони за Ливерпул, пет за Манчестер Сити, по три за Њукасл и Астон Вила, по две за Лидс и Брајтон.

ПретходноЏенова го засили нападот со Пинамонти
Следно„Топчиите“ тргнаа со победа, бламажа на Евертон пред своите навивачи