Сензационална вест од Полска. Имено премиерот на оваа земја, Доналд Туск, изјави дека неговата земја има намера и официјално да поднесе кандидатура за организатор на ЛОИ во 2024 или 2044 година.
“Оваа одлука ја посветувам на денешните деца кои имаат 10, 12 или 15 години. Полска и официјално ќе биде кандидат за организатор на ЛОИ во 2040 или 2044 година. Тоа е реална перспектива, и тоа ако се има во предвид одлуките, обврските и прелиминарните изјави на Меѓународниот олимписки комитет. Да, можеме да говориме за 2040 или 2044 година“ посочи Туск.
Ова доаѓа откако лани претседателот на Полска, Анжеј Дуда истакна дека неговата земја ќе поднесе кандидатура за организатор на ЛОИ во 2036 година.