Германскиот шампион Баер Леверкузен ја продлжи жетвата на трофеи. Вечерва во Суперкупот, „фармацевтиоте“ по подобро изведување на пенали го победија Штутгарт.
Во регуларниот дел беше 2:2, а на пенали 4:3. Баер Леверкузен поведе во 11. минута од средбата, со голот на Бонифасис. Четири минути подоцна Мило донесе израмнување. Во 63. минута Ундав се потруди за пресврт 1:2.
Домашните не се предадоа, а со влегувањето на Шик во 85. минута Баер успеа да израмни на 2:2 и мечот да го однесе на пенали, каде момците на Чаби Алонсо имаа повеќе среќа и славеа со 4:3.