ПСЖ даде 50 милиони евра за крило на Рен

114

Францускиот шампион Пари Сен Жермен ги засили своите редови со крилото на Рен, Десире Дуе. Се работи за 19-годишен фудбалер кој со парижаните потпиша петгодишен договор, а ПСЖ го купи за неверојатни 50 милиони евра.

Дуе е дете на Рен, а за првиот тим дебитираше во 2022 година. До сега има севкупно 63 настапи и седум голови. Тој беше дел од олимписката репрезентација на Франција која го освои среброто на Игрите во Париз.

ПретходноНајмладиот од браќата Антетокумпо ќе игра во АБА 2 лигата
СледноМаестрална акција по која Чурлинов асистираше за погодок (видео)