Само во Турција: Некогаш славниот фудбалер направи инцидент во парламентот! (ВИДЕО)

186

Алпај Озалан (51), некогаш славниот репрезентативец на Турција кој пред 16 години ја заврши кариерата сега е член на парламентот на оваа земја како застапник на партијата на Реџеп Таип Ердоган.

Деновиве во една дебата во парламентот, Алпај дојде до говорницата и физички го нападна говорникот зошто овој говорел против политиките на актуелната власт.

И тогаш дојде до хаос, па мораше да реагира и обезбедувањето. Се разбира дека Алпај беше централна фигура на овој инцидент.

Како фудбале Алпај Озасал играше за Фенербахче, Бешикташ, Келн, Астон Вила и се смета за вистинска легенда на турскиот фудбал.

ПретходноДали уште на стартот го имаме промашувањето на сезоната во Премиерлигата?! (ВИДЕО)
СледноПолска сака да ги организира ЛОИ во 2040 или 2044!