„Топчиите“ тргнаа со победа, бламажа на Евертон пред своите навивачи

121

Еден од посериозните кандидати за титулата во Премиер лигата, Арсенал ја започна новата сезона со триумф на домашен терен против Вулверхемптон со 2:0. Резултатот го отвори Каи Хаверц во 25 минута (ГОЛОТ ОВДЕ), а во 74 минута точка стави Букајо Сака (ГОЛОТ ОВДЕ).
Ова е седма победа по ред на Арсенал над Вулверхемптон во Премиер лигата.

А на „Гудисон парк“ бламажа на Евертон пред своите навивачи. „Карамелите“ тргнаа со убедлив пораз од 0:3 од Брајтон. Избраниците на Шон Дајч одиграа катастрофално, имаа само еден удар во рамките на голот на противникот.
Брајтон поведе со голот на Митома во 26 минута, во 56 минута зголеми Дани Велбек. Да бидат проблемите за Евертон поголеми се погрижи Ешли Јанг кој доби директен црвен картон во 66 минута.
Во 87 минута погоди Адингра во 87 минута, а голот во 91 минута на Јасин Ајари за 0:4 беше поништен поради офсајд.

На другите мечеви попладнево Њукасл го победи Саутемптон со 1:0 со гол на Жоелингтон во првото полувреме. Нотингем Форест одигра 1:1 со Борнмут (Крис Вуд во 23 минута и Семењо во 88 минута).
Претходно Ливерпул го победи Ипсвич со 2:0 (Диого Жота и Салах).

ПретходноМилнер стана апсолутен рекордер – ја игра 23. сезона во Премиер лигата
СледноКаква чест: Миовски ќе ја носи “десетката“ на Џирона!