Шаќири се врати во матичниот клуб

2067

Швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири го напушти Чикаго Фајр од МЛС и како слободен фудбалер се пресели во швајцарскиот Базел. Сега веќе 32-годишниот Шаќири се врати во матичниот клуб потпишувајќи договор до летото 2027 година.

Во периодот од 2009 до 2012 година Шаќири одигра 130 натпревари за Базел, потоа играше за Баерн Минхен, па Интер, па Стоук, Ливерпул, Лион, а од 2022 до 2024 година за Чикаго.

Тој има 125 настапи и 32 гола за Швајцарија.

ПретходноОдбојкарите издоминираа: Максимални 3:0 во Тбилиси за победнички старт на квалификациите (ВИДЕО)
СледноЛиверпул тргна победнички, Салах погоди за историја