Џенова го засили нападот со Пинамонти

94

Во пресрет на новата сезона во Серија А, екипата на Џенова остана без Матео Ретеги и веројатно и без Гудмундсон кој е пред трансфер во Фиорентина, па раководството мораше да реагира.

Пополнет е нападот со Андреа Пинамонти кој доаѓа од Сасуоло на едногодишна позајмица за 2 милиони евра со опција да биде откупен договорот за 14 милиони евра. Се работи за 25-годишен фудбалер, поранешен младински репрезентативец на Италија на сите возрасти, а има и еден настап за сениорите.

Тој е дете на Интер, а играл за Фрозиноне, Емполи и Сасуоло, но и за Џенова во сезоната 2019/20. Лани и покрај испаѓањето на Сасуоло во Серија Б, тој постигна 11 гола во елитната италијанска лига.

ПретходноМаестрална акција по која Чурлинов асистираше за погодок (видео)
СледноМилнер стана апсолутен рекордер – ја игра 23. сезона во Премиер лигата