Српскиот кошаркарски репрезентативец, Алекса Аврамовиќ би можел да заигра во НБА лигата следната сезона. Иако непосредно пред заминувањето на ЛОИ во Париз го напушти Партизан и потпиша договор со ЦСКА Москва, постои клаузула која му дозволува да оди во НБА лигата.
Дел од српските медиуми пишуваат дека Аврамовиќ е се поблиску до заминување во НБА, бидејќи две екипи се заинтересирани да го доведат. Едната е ЛА Клиперс, додека другата е Атланта во чии редови може да му биде соиграч на Богдан Богдановиќ со кого игра и за селекцијата на Србија.
Сега за сега нема конкретна информација, но очигледно преговорите течат.