Кадетите денеска против Грција за крај на ЕП!

154

Македонската ракометна кадетска репрезентација, за играчи до 18 години, денеска ќе го одигра својот последен меч на М18 ЕХФ Еуро кое се одржува во Црна Гора. Ова ќе биде и меч (17 часот) за тоа кој ќе биде на крајот на 19.место на овој шампионат.

Да се потсетиме дека првата средба меѓу овие две селекции на ЕП ја доби Грција, па еве добра можност за своевиден реванш против јужниот сосед.

Веројатно, ако се знае дека опстанокот во А – дивизијата е обезбеден, денеска шанса ќе добијат и оние ракометари кои досега немаа поголема минутажа. Ослободени од резултатскиот притисок, тоа и го дозволува на нашата репрезентација, пред се на стручниот штаб.

Сепак понеда над Грција и не е така мала работа, па убаво ќе биде нашите ракометни кадети со триумф да го завршат ова М18 ЕХФ Еуро кое, како што рековме, се одржува во Црна Гора.

ПретходноАвстрија прв голем предизвик за одбојкарките во квалификациите за ЕП 2026
СледноМакедонија против Унгарија во битка за 9.место на ЕП!