Во фудбалскиот свет познато е дека дресот со бр.10 во секој клуб или тим, го носат одбраните, најдобрите или од тие што најмногу очекуваш. Па така и со Бојан Миовски кој во Џирона ќе ја носи престижната “десетка“. Тоа е голема чест за Македонецот, а со овој потег Џирона и тоа покажува какви се нивните очекувања од нашиот репрезентативен напаѓач.
Да потсетиме дека Миовски со трансферот во еден од најдобрите клубови во Ла Лига, стана најскапиот фудбалер кој некогаш Абердин го има продадено. Трансферот е близу 10 милиони евра, пари кои и за Џирона не се така мали.
Со “десетката“ на дресот Миовски веројатно ќе има уште поголем мотив да се покаже и докаже и во Ла Лига, во една од најсилните лиги во Европа.