Манчестер Јунајтед победи, а еве што направи Ван Нистелрој по мечот! (ВИДЕО)

1420

Синоќа на стартот на новата сезона во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ со 1:0 успеа да го победи Фулам. Новакот Зиркзе беше херојот на Јунајтед со постигнатиот гол во 88.минута.

Сепак и покрај голот, меѓу фановите на Јунајтед се раскажува и потегот на Руд Ван Нистелрој, некогашната голема ѕвезда на фудбалот, кој играше и за Манчестер Јунајтед, а од ова лето е еден од соработниците на Ерик Тен Хаг.

Имено по завршување на средбата Ван Нистелрој прво што направи е што дојде до Гарначо и му даваше совети како треба и како не треба.

Ова доаѓа откако младиот Аргентинец во последните моменти од средбата успеа да промаши празен гол. Ова ќе биде едно од промашувањето на сезоната и јасно е дека Ван Нистелрој добро знае дека треба да му се даде поддршка на својот напаѓач.

ПретходноЦиркзе со деби-гол му донесе победа на Манчестер Ј. на отворањето на сезоната (ВИДЕО)
СледноШпанецот се изнервира: Еве како Карлито го искрши рекетот! (ВИДЕО)