Швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири го напушти Чикаго Фајр од МЛС и како слободен фудбалер се пресели во швајцарскиот Базел. Сега веќе 32-годишниот Шаќири се врати во матичниот клуб потпишувајќи договор до летото 2027 година.
Во периодот од 2009 до 2012 година Шаќири одигра 130 натпревари за Базел, потоа играше за Баерн Минхен, па Интер, па Стоук, Ливерпул, Лион, а од 2022 до 2024 година за Чикаго.
Тој има 125 настапи и 32 гола за Швајцарија.