Барселона синоќа со победа над Валенсија на “Местаља“ со 1:2, Столе Димитриевски остана на клупата, ја стартуваше новата сезона во Ла Лига. Тешка победа за каталонскиот гигант, но сепак најважни се трите бода.
Инаку актуелно во Барса е тоа што Илкај Гундоган не само што сака да си оди туку наводно за тоа го информирал раководството на клубот.
За тоа што мисли и дали навистина искусниот играч за врска ќе ја напушти Барса, свој коментар имаше и Ханси Флик, стратегот на каталонците:
“Гундоган не беше во составот на овој меч со Валенсија зошто се пожали на полесна повреда. За тоа дали ќе си оди можам да кажам дека разговаравме на таа тема, но тоа ќе остане меѓу нас. Не гледам причини да се создаваат контроверзи ако веќе ги нема. Како што мене ми се чини Илкај останува, но реков дека она што е разговарано со него не е за јавност“ рече Флик.