По седум меча, Брентфорд славеше триумф над Кристал Палас во Премиер лигата. „Пчеличките“ славеа со 2:1 и со тоа стави крај на серијата од пет ремија и еден пораз во дуелите со Палас.
Брентфорд поведе со гол на Мбеумо во 29 минута. Но во второто полувреме Палас заигра подобро, изедначи со автогол на Пинок и потоа Едуард постигна и гол кој беше поништен поради офсајд.
Во завршниот дел Брентфорд ја стабилизираше играта, па се наредија неколку обиди, а една од тие се претвори во гол. Јоан Виса беше на вистинското место кога топката се одби во шеснаесетникот.
Во 82 минута Езе имаше голема шанса за Палас, но голманот на Брентфорд го спаси својот гол.
Brentford have beaten Crystal Palace for the first time ever in the Premier League.
DDDDDLW
They finally take all three points against the Eagles. 🙌 pic.twitter.com/FJQLqlDYRW
— Squawka (@Squawka) August 18, 2024