Мората: Да имавме уште пет минути сигурен сум дека ќе победевме

344

Милан успеа да извади бод во дуелот со Торино (2:2) и покрај тоа што губеше со 2:0. „Росонерите“ избегнаа пораз, а до 88 минута бркаа негатива од два гола. Резервните играчи го свртеа мечот, Мората постигна гол, а потоа Ноа Окафор со волеј во 95 минута спаси бод.

Мората го постигна дебитантскиот гол за новиот тим и изјави дека да имало уште пет минути Милан ќе ги земел сите три бода.

„Не е перфектно деби, затоа што не победивме. Сепак, испративме порака. Тимот практично беше мртов и успеавме да ги свртиме работите. Да имаше уште пет минути ќе победевме. Ќе продолжиме да работиме, пред се да го смениме менталитетот затоа што ни се потребни победи“, изјави Мората.

„Сан Сито е одлично место за фудбал. Тоа го видов на овој меч и што значи да се игра тука за Милан. Не можам да ветам голови или титули но ветувам дека ќе работам многу појако од сите други“, додаде Шпанецот.

 

ПретходноПобеднички танц на Бањаја на ГП на Австрија
СледноРеал Мадрид одби богатство за Милитао