Наполи договори Бразилец од Бенфика

93

Наполи со новиот тренер Антонио Конте ја стартува сезоната во Италија, а за да го престигне Интер потребни се засилувања. Наполи го договори четвртото засилување за новата сезона, а се работи за напаѓачот Давид Нерес кој игра во Бенфика.

Екс-шампионот на Италија успеа да ја убеди Бенфика да го пушти поранешниот играч на Ајакс и Шахтјор.

Наполи за него ќе плати 30 милиони евра и тоа 27 милиони фиксно, а преостанатите како бонуси. Играчот ќе потпише договор до летото 2028 година со опција за уште една сезона.

Но неговиот ангажман не значи дека Виктор Осимен ќе си оди. Нереш е повеќе крилен напаѓач отколку класичен, што значио дека тој би делувал на едната страна, а Кварацкелија на другата.

Осимен би си заминал само под услов Белгиецот Ромелу Лукако да го замени Нигериецот. Наполи не попушта кога се работи за Осимен и покрај големиот интерес за него.

До сега Наполи ги ангажираше Рафа Марин од Реал Мадрид, Алесандро Бонџорно од Торино и Леандро Спинацола од Рома.

ПретходноСрпски репрезентативец ја засили Аталанта
СледноПобеднички танц на Бањаја на ГП на Австрија