Едер Милитао поради повреда не се изнаигра минатата сезона, а и покрај тоа „кралскиот клуб“ не го продаде и покрај тоа што доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Милитао кој има договор со Реал до 2028 година добил понуда од клуб од С.Арабија. Притоа истиот понудил на Реал 100 милиони евра.
Сепак, „кралскиот клуб“ ја одбил понудата. Претходно клубот се раздели со капитенот Начо Фернандез кој замина во С.Арабија и со Рафа Марин, не сака да го изгуби и Милитао посебно не сега, кога Давид Алаба се уште заздравува од тешка повреда.