Родри потпишува нов договор, ќе биде најплатен во Сити

150

Шпанскиот репрезентативец Родри ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити. Овој играч за врска се поврзуваше со Реал Мадрид како наследник на Тони Крос, а „граѓаните“ не сакаат да го пуштат затоа што е важен играч во тимот.
Британските медиуми тврдат дека Сити го убедли Родри да остане на „Етихад“, а со новиот договор тој ќе биде најплатениот играч во тимот, дури повеќе од Халанд и Де Брујне. Родрги кој е кандидат за „Златната топка“ моментално заработува по 258.000 евра неделно, а според новиот договор платата ќе му биде двојно поголема.
Родрги во клубот дојде во 2019 година, а засега има договор до крајот на сезоната 2026/27.

ПретходноПМФЛ: Шампионот со нови три, Работнички со бод под Шара, Ѓорѓиевски ја “шекна“ Брера, Тиквеш и Гостивар со победи (ВИДЕО)
СледноАлександар Васоски: Честитки за момците, да се победи Брера со 4:0 не е мала работа!