По цели седум години Вардар го победи Пелистер со 1:0 и тоа со голот на Дианеси во 82.минута за голема радост на фановите. Вечерва на Арената во Скопје во “Дербито на Македонија“ бр.59 Вардар победи, заслужено, иако Пелистер беше блиску, многу блиску до реми.
Секогаш кога играат Вардар и Пелистер, тоа е спектакл и шоу на трибините.
И Комити и Чкембари беа во елемент. Имаше “пецкање“ од двете страни, но но крајот ова мега – пресметка заврши со еуфорија кај “црвено – црните“.
Посакуваме многу повеќе вакви спектакли во мак – фудбалот.