Матеј Цветаноски со деби – гол за Жељо!

204

Нашиот интернационалец Матеј Цветаноски, синоќа го постигна својот деби-гол за Железничар во меч од 3.коло во шампинатот на БиХ. Сараевчани како домаќини на својата “Грбавица“ против Игман, во 60.минута дојдоа до водство од 3:0 и тоа благодарение на убавиот гол на Македонецот. Подоцна гостинската екипа успеала само да го намали резултатот на конечни 3:1.

Цветаноски беше стартер, а вториот Македонец во тимот на Железничар, Мартин Мирчевски, во игра влезе во 87.минута.

Инаку и Цветаноски и Мирчевски ова лето направија трансфери во еден од најголемите клубови во БиХ.

ПретходноХорор-сцени: Фудбалер на Лил остана да лежи неподвижен на теренот, па беше пренесен во болница! (ВИДЕО)
СледноГоразд Михаилов: Вардар нема друга опција освен победа на “Дербито на Македонија“!