Мбапеманија и на Мајорка!

946
Фото: Реал Мадрид/Твитер

Вечерва кончно,по толку години исчекување, најави, трансфер – саги и слично, Килијан Мбапе ќе го одигра својот прв меч во Ла Лига како фудбалер на Реал Мадрид. Имено вечерва “кралевите“ во рамките на 1.коло од новата сезона, ќе гостуваат на Мајорка.

Секако дека во преден план за фановите на Реал е да се види како ќе одигра нивниот нов миленик, посебно ако се знае дека на дебито во дресот на Реал во Суперкупот против Аталанта постигна и гол.

Според шпанските медиуми вистинска Мбапеманија владее на Мајорка. Се очекува овој меч да биде најпосетен во клупската историја на клубот.

Натпреварот започнува во 21:30 часот а најавено е дека Килијан Мбапе ќе биде стартер во составот на “кралевите“.

ПретходноКарлито се извини: “Ќе се потрудам ова да не се повтори!“
Следно“Специјалниот“ со чудна изјава: “Сите Бугари што ги познавам се добри луѓе!“