Пауновиќ по поразот од Австрија: Борбеноста ме радува, сега сме многу поблиску до противниците

111

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија вчерва ги почна квалификациите за ЕП 2026 година со пораз на домашен терен од селекцијата на Австрија. Нашиот млад состав кој собира интернационално искуство, сепак, покажа зрелост во одредени делови на мечот, но играта и резултатот ќе мора да се подобруваат на следните квалификациски дуели.

Селекторот Стефан Пауновиќ во изјавата по мечот смета дека борбеноста беше главната одлика на овој млад состав на Македонија.

„Се боревме, тоа е она што мене намјногу ме радува. Покажавме дека може да играме. Австрија е многу поинскусна од нас, а тоа се виде во некои пресудни моменти кога беа многу повнимателни во нападот и на блокот и во одбраната, каде ние некако игравме брзоплето во нападот. Но, генерално сум задоволен. За разлика од минатата година сега бевме многу поблиску до нив. Со оглед на тоа што оваа наша селекција сега е уште помлада од минатата година, генерално сум задоволен. Имавме проблеми во нападот, бно статистички бевме подобри од Австрија во приемот и тоа е добра најава за мечот со Грција“, вели селекторот на нашата женска репрезентација, Стефан Пауновиќ.

Вториот меч за нашите девојки ќе биде на 28 август кога ќе и гостуваме на селекцијата на Грција.

ПретходноПолувреме: Работнички под Шара прво промаши пенал па си даде смешен автогол, Силекс си ја “делка“ Брера, Потук блеска во Штип…(ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Шампионот со нови три, Работнички со бод под Шара, Ѓорѓиевски ја “шекна“ Брера, Тиквеш и Гостивар со победи (ВИДЕО)