Победнички танц на Бањаја на ГП на Австрија

55

Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната ГП на Австрија . Тоа е негова седма победа сезонава во Мото ГП шампионатот, а втора по ред поради триумфот на вчерашниот спринг.

На денешната трка првите километри беа пресудни. Бањаја не можеше уште на стартот да го претекне Хорхе Мартин, но затоа тоа го направи во финишот на вториот круг и потоа успеа да го задржи водството. Победничкото време е 42 минути 11.173 секунди. Мартин задоцни за 3.232 секунди.

Третото место на подиумот му припадна на Енеа Бастианини, кој на стартот од седмото место прогресираше на третото место и потоа ја немаше потребната брзина за да го нападне водечкиот двоец.

На четвртото место се пласира Марк Маркез, а топ 5 го комплетира Бред Биндер.

 

ПретходноНаполи договори Бразилец од Бенфика
СледноМората: Да имавме уште пет минути сигурен сум дека ќе победевме