Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби од 2.коло во ПМФЛ. Под Шара каде играат Шкендија и Работнички водат тетовци со 1:0 и тоа со автоголот на Аломеровиќ, кога буквално сам си ја внесе топката во мрежата откако несреќно реагираше сакајќа да ја извади топката од гол – линијата во таа 26.минута. Претходно Мазари не успеа од пенал да му донесе водство на Работнички во 17.минута кога на 0:0 шутираше во стативата.
Интересно, само во Струга нема голови. Шампионот и покрај иницијатовата засега не успева да ја “пробие“ одбраната на Беса.
Силекс си ја “делка“ Брера и тоа со 2:0 до 20.минута. Прво стрелаше Додев во 8.минута, за да потоа гол даде и Ѓорѓиевски, и двата со глава.
Потук блеска во Штип. Со двата на гола на Турчинот екипата на Гостивар води со 2:0.
Непосредно пред крајот на првиот дел и Тиквеш имаше водство против Воска со 1:0 со голот на Спахиу.