ПОТВРДЕНО: Лазар Самарџиќ е ново засилување за Аталанта

200

Лазар Самарџиќ од вечерва е ново засилување за италијанска Аталанта. Составот на Џан Пјеро Гасперини потврди дека е договорен трансферот на досегашниот фудбалер на Удинезе.

Интересно, Самарџиќ беше „бек-ап“ опција за Аталанта, откако Селтик петпати ги одбиваше понудите кои италијанскиот клуб ги испраќаше за Мет О’Рајли.

Самарџиќ се сели во Бергамо по 98 натпревари во дресот на Удинезе, каде што постигна 13 гола и десет асистенции.

ПретходноСпоелстра или Тајрон Лу: Кој ќе биде нов селектор на САД?
Следно“Дерби на Македонија“: Вардар го “реши“ Пелистер за “црвено–црна“ еуфорија! (ВИДЕО)