Познатиот полски фудбалски тренер Францишек Смуда почина на 76 години, објавија медиумите во полска. Тој починал во Универзитетската болница во Краков. Тој неколку години се борел со канцер.
Тој оставил длабок белег во полскиот фудбал. Како фудбалер играл за Легија, Пијаст, па во американски клубови и во германски. Како тренер работел во турските Алтај и Коњаспор, во полските Видзев, Висла, Одра, Заглебје, Лех, Горњник, Вјечиста Краков, Омонија од Кипар, Јан Регенсбург од Германија.
Од 2009 до 2012 година беше селектор на Полска. Тој ја водеше репрезентацијата на Еп 2012 година на кое Полска беше ко-домаќин со Украина. И покрај големите очекувања, Полска не ја помина групата.
На домашно тло, Смуда со Видзев два пати бил шампион на Полска, а еднаш со Висла Краков. Со Лех го освоил полскиот Куп. Под негово водство Видзев Лоѓ играше во групите на ЛШ во сезоната 1996/97.