Како што сега стојат работите, Едер Милитао нема набрзо да се пресели во Саудиска Арабија. Иако стоперот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, неофицијално нема ништо против да прави трансфер кај пребогатите Арапи, сепак Дон Флорентино Перез вели дека не може.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, клуб од С. Арабија доставил понуда до Реал Мадрид вредна 100 милиони евра, но таа веднаш била одибиена.
Ова значи дека Милитао или му е толку непходен на Реал Мадрид или пак Дон Флорентино смета дека тие 100 милиони евра како отштета да се раскине договорот, се премалку.