“Специјалниот“ со чудна изјава: “Сите Бугари што ги познавам се добри луѓе!“

7757

Во сенка на се она што се случи за време на мечот меѓу Гезтепе и Фенербахче, кога претседателот на гостите Али Коч, беше нападнат и му беше раскрварена главата, доаѓа и чудната изјава, барем според бугарските медиуми, на Жозе Мурињо по мечот.

Имено ова беше и тренерски дуел меѓу него и бугарскиот сратег на Гезтепе, Станимир Стоилов, кој заврши 2:2.

Стоилов е добар човек, како и сите Бугари што ги познавам. Неговиот стил секогаш сум го почитувал. Се надевам дека и мене ме почитуваат како што јас го почитувам него“ рече покрај другото Мурињо.

Инаку на него не му оди најдобро во последно време. По елиминацијата во квалификациите во ЛШ, вчера на гости во меч од турската Суперлига, иако неговиот тим водеше со 0:2, сепак на крајот освои само бод. Крајниот резултат беше 2:2.

ПретходноМбапеманија и на Мајорка!
СледноСрпски репрезентативец ја засили Аталанта