Судијата Сем Барет ја призна својата грешка што доведе до погрешно поништен гол за Кристал Палас во поразот на „орлите“ од Брентфорд со 2-1 во Премиер лигата.
Имено, при резултат 0:0 на почетокот на мечот, Езе шутираше од слободен удар, но судијата забележа прекршок врз Вил Хјуз уште пред топката да ја помине гол линијата.
ВАР немаше начин да интервенира, а репризите покажаа дека прекршокот беше многу повеќе за Палас, отколку врз домашните играчи. Тоа беше важен момент бидејќи потоа „орлите“ го загубија дербито.
По мечот Барет призна дека погрешил.
Eze almost scoring unbelievable Goal but it got Disallowed 😬 pic.twitter.com/42nPDINMTT
— Ante (@Ante_Goat) August 18, 2024