Фудбалерот на германскиот нисколигаш Шот Мајнц, Етјен Портман предвреме го напушти мечот со Гројтер Фурт од првото коло во Купот на Германија, бидејќи требаше да биде кум на една свадба.
Портман (26), кој игра во средниот ред за петтолигашот, беше заменет еден час по почетокот на мечот за да стигне на свадбата, каде младоженецот е неговиот најдобар пријател, а невестата е сестра близначка на неговата девојка,.
Тренерот на тимот Самуел Хорозовиќ го исполнил барањето на Портман да биде сменето порано, а според Билд, фудбалерот со хеликоптер заминал на прославата за која се подготвувал во последните неколку месеци.
Без Портман на теренот, домаќините загубија со 2-0.