Верона му приреди „хорор“ деби на Конте, Болоња не успеа да слави дома

134

Верона му приреди „хорор“ деби на Антонио Конте на клупата на Наполи, откако на отворањето на Серија А денеска во меч од 1. коло славеше со 3:0 пред своите навивачи против новиот тим на италијанскиот стратег.

Домашниот тим оствари сосема неочекувано убедлив триумф, но покажа дека оваа година може да биде едно од големите изненадувања во лигата. Тоа нема да биде случај со момците на Антонио Конте кои едноствано се загубија. Згора на тоа поради повреда уште пред крајот на првиот дел останаа без Кварацхелија.

Ливраменто го постигна првиот гол за домашните, а потоа следуваа и оние на Москера (75’ и 94’) за конечни 3:0.

Во вториот меч попладнево, Болоња иако доминираше, не успеа да го совлада Удинезе. Мечот во Болоња заврши нерешено 1:1.

Претходно„Комити“ со навивачка фешта го отворија „Дербито на Македонија“ (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Многу борба, многу тактика, мрежите мируваат на “Дербито на Македонија“!