И Ноле имаше коментар: Ова е срамно!

654

По се она што се случуваше на мечот меѓу Џек Дрејпер и Феликс Оже – Алијасим, на турнирот во Синсинати, се огласи и Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, кој целата ситуација ја нарече срамна.

Имено и покрај тоа што топчето двапати удри на подлогата, Дрејпер го освои тој поен, инаку меч – поен, а целата јавност беше шокирана.

Еве што Ноле напиша на социјалните мрежи:

Ова е срамно. Како може да нема повторена снимка за вакви моменти. Уште поневеројатно е тоа што нема правило да се промени одлуката врз основа на повторена снимка. Сите можеа на ТВ да видат што навистина се случи, само играчите на терен се држат во „темница“ и не знаат што навистина се случило. А живееме во 21 век, кој е технолошки напреден“.

ПретходноМирко Ивановски: Ова дерби со Вардар е како меч од Лигата на Шампионите!
СледноПМФЛ: Шампионот по нови три бода, Тиквеш ја дочекува Воска, Шкендија домаќин на Работнички….