Карлос Алкараз нема по добро да го памети турнирот во Синсинати. Не толку дека беше поразен во раната фаза и тоа од ветеранот Монфис, туку повеќе поради се она што го направи на тој меч, кога се однесуваше крајно изнервирано и го искрши рекетот. Овој негов потег наиде на осуда кај фановите, ваков испад првпат му се случува во кариерата.
Откако виде и сфати што направил, Карлито јавно се извини и тоа преку социјалните мрежи:
„Се извинувам поради моето однесување, кое не беше исправно. Тоа е нешто што не треба да се прави додека си на терен.Јас сум човек, бев нервозен и тоа тешко се контролира кога емоциите се најсилни. Ќе се потрудам ова да не се повтори. Време е да се фокусирам на Њујорк“ напиша Алкараз.